Xiaomi минатиот декември го претстави Mi Watch Color во Кина, а според новиот извештај уредот ќе стане првиот глобално достапен часовник на компанијата. Уредот на меѓународните пазари ќе се појави како Mi Watch Revolve и забележан е во Mi Watch апликацијата, заедно со Mi Smart Band 4C нараквицата, која ќе биде ребредниран Redmi band.

Покрај наведеното, шпанскиот YouTube канал eSavants успеа да дојде до паметниот часовник и објави видео од отпакувањето, во кој уредот јасно се појавува како Mi Watch Revolve. Авторот на видеото објаснува дека часовникот го купил преку AliExpress за околу 90 евра.

Xiaomi Mi Watch Revolve ќе има 1.39-inčni AMOLED дисплеј, GPS, Bluetooth 5.0, NFC, како и опции за следење на работата на срцето и сонот. Паметниот часовник ќе биде водоотпорен до 5ATM и ќе има батерија со работен век до 14 дена во нормални услови на користење.