Информациите од претходно сугерираа дека Apple ќе претстави поголем, подостапен iPad со потенки рамки. Сега е малку појасно како овој таблет би можел да изгледа.

Сајтот 91mobiles објави скици од дизајнот на најевтиниот iPad, а доколку се точни прикажуваат дека новиот iPad ќе биде послаба верзија на iPad Pro со потенки рамки, дека ќе користи Face ID наместо Touch ID технологијата, а би можел да има и Magic Keyboard поддршка.

Новиот iPad би требало да има 10,8-инчен екран, а Apple би ја задржал пониската цена, со тоа што биде користел една камера наместио две + LiDAR сензорот кој го има Pro моделот. Новиот iPad би имал и USB-C порт, додека некои извори споменуваат и два интегрирани звучника.