OnePlus 8 и OnePlus 8 Pro ќе бидат претставени на 14. април, а во меѓувреме се појави фотографија од OnePlus 8 Pro моделот, кој ја прикажува About Phone секцијата. Фотографијата ни дава увид во дизајнот на предната страна, како и главните спецификации  на уредот.

Телефонот уште претходно се појавуваше во вестите, а веќе знаеме каков ќе биде целосниот дизајн, спецификациите и функциите. Најновата протечена фотографија дека OnePlus 8 Pro ќе има punch-hole во отвор во горниот лев агол на екранот.

Секцијата About Phone ги открива главните карактеристики на уредот. Ова ги вклучува Snapdragon 865 чипсет, 12GB RAM и 256GB простор за складирање. Смартфонот ќе има 6.78-инчен Fluid AMOLED дисплеј со освежување од 120Hz. Кога е во прашање софтверот, уредот од старт ќе го користи Hydrogen OS, заснован на Android 10.

Кога станува збор за цената, OnePlus 8 Pro со 8GB RAM и 128GB простор за складирање би требало да чини 930 евра, додека 12GB + 256GB модел ќе има цена од 1020 евра.