Компанијата LG се подготвува за објава на својот најнов модел од гејминг линијата панели. Во текот на овој месец ќе се појави 48-инчниот OLED гејминг TV на LG, со освежување од 120Hz и G-SYNC поддршка.

Со одзив од само 1ms и ниско влезно лагирање, 48CX TV е дизајниран за гејминг и е дл од NVIDIA Big Format Gaming Display (BFGD) филозофијата. Интересно е дека телевизорот го користи LG a9 Gen3 AI процесорот, кој врши скалирање на содржините, за се да изгледа убаво и јасно,

Вештачката интелигенција се користи за содржината со пониска резолуција да се префрли во извор со 8,3+ милиони пиксели, а на овој начин содржината која не е 4К е многу слична на вистинска 4К содржина.

48-инчниот OLED гејминг TV на LG ќе се продава по цена од 1499 долари.