Osmo Pocket е најнов производ и воедно најмал рачен стабилизатор, кој го произведе кинеската компанија DJI.

DJI направи многу добри работи за да ги смести своите идеи во толку мала форма. Новиот Osmo е наменeт за креирање снимки како оние кои ги создаваат дроновите и тоа во големина која може да се спореди со снимките на GoPro камерата. Уредот ќе се појави на пазарот на 15. декември и ќе чини 349 долари.

Osmo Pocket е долг нешто повеќе од 10 см, а тежок е само 116 грама. Кога ќе се исклучи, гимбалот ја навалува камерата за да може уредот да го собере во мало куќиште или торбичка, а потоа и во џеб, поради што го доби и името.

Наместо да ја користи големата Zenmuse камера од првиот Osmo или пак камерата на смартфонот, како што беше случај со Osmo Mobile, моделот ја позајми Pocket камерата од помалите дронови на компанијата, како што е Mavic Air.

Камерата е сместена на сталак со три оски и користи 1/2,3-инчен сензор и може да снима 4K видео при 60 фрејјма по секунда и брзина од 100 Mbps. DJI тврди дека батеријата на моделот Osmo Pocket ќе трае до два часа снимање во 4K резолуција при 30 fps. Osmo Pocket, исто така, креира 12-мегапикселни фотографии и поседува два микрофона за снимање на звук.

Дел од уредот е мал 1-инчен екран осетлив на допир наменет за подесувања, но можное да се спои и смартфон, со што се добива и поголем екран за користење. Во тој случај на смартфонот е потребно да се инсталира апликација.