Redmi овие денови објавува доста тизери за својот претстоен Redmi X TV. Компанијата веќе објави дека телевизорот ќе има 85 проценти на покриеност на NTSC спектарот на бои, како и MEMC (Motion Estimation, Motion Compensation) функцијата. Сега се објавени и некои информации за звучниците на телевизорот.

Redmi е свесен за тоа дека звукот е многу битен за да се обезбеди целосно мултимедијално искуство. Поради тоа, Redmi X TV ќе биде опремен со четири 12.5W звучници и 8-unit сабвуфер аудио систем.

Производителот ветува искуство на репродукција на звукот како во кина. Redmi X TV заедно со уште неколку други производи ќе биде претставен на 26. мај.