По неодамнешната објава на Play 4 серијата телефони, Honor сега претстави уште еден модел – Honor 8S 2020, кој дебитираше на пазарот на Велика Британија. Телефонот ги има речиси истите спецификации и дизајн како Honor 8S 2019 моделот.

Honor 8S 2020 го карактеризира дизајн на задната страна во два тона, а од предната страна се наоѓа 5.71-инчен HD+ FullView дисплеј. Телефонот го покренува MediaTek Helio A22 осмојадрен процесор, во комбинација со 3GB RAM и 64GB простор за складирање. Уредот нема сензор за отпечатоци од прсти, но поддржува face unlock.

Кога се во прашање камерите, на задната страна се наоѓа 13MP главна камера, додека од предната страна е 5MP селфи сензор. Присутни се и Dual SIM + microSD, поддршка за EMUI 9.0 заснован на Android 9 (Pie), а уредот го напојува 3020mAh батерија.

Honor 8S 2020 пристигнува во Navy Blue варијанта, по цена од 100 британски фунти.