Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг изјави дека ги ревидира правилата за содржината на оваа социјална мрежа, соочен со силни негативни реакции од голем број на луѓе, поради пост на американскиот претседател Доналд Трамп во кој им се заканува на демонстрантите против полициско насилство врз расна основа.

Тој најави дека Facebook се обидува да ја подобри политиката за содржини на социјалните мрежи.

„Знам дека многумина од вас мислат дека минатата недела требаше на некој начин да ги означиме постовите на претседателот“, напиша Цукерберг во пост, осврнувајќи се на неговата претходна одлука да не се отстрани пост на Трамп, кој содржи фраза „кога ќе започне грабежот, почнува и пукањето“.