Неодамна во Урбан Хангар во Белград се одржа големата IQOS забава за сите оние кои не само што сакаат добра музика, туку и не поднесуваат задимени клубови и кои не мислат дека зачадениот воздух треба да биде тоа што ја карактеризира добрата журка.

На настанот присуствуваа многу познати личности, но сепак, најголема ѕвезда на вечерта беше IQOS 3 Дуо, најновиот производ од фамилијата уреди без чад, кои непосредно по глобалното лансирање во Јапонија, Кореја и Русија, стана достапен и во Србија.

Најновата генерација на уредот на публиката и беше претставен со величествен аудио-визуелен спектакл проследен со ласери и 3Д технологија која присутните долго ќе ја паметат.

Гостите на промоцијата во Белград имаа прилика да се сликаат покрај големиот шарен IQOS панел, на кој беа претставени и новите нијанси на овој револуционерен уред.Оние похрабрите се осмелија да погледнат во виртуелната реалност и да се запознаат со тоа колку светот би бил поубав доколку го нема чадот од цигарите.

Кулминацијата на настанот претставуваше величенственото откривање на моќниот IQOS 3 Дуо, со футуристички дизајн кој не само што брзо се полни, туку овозможува и 2 конзумации на патрони по ред.

За спектакуларната забава до доцна во ноќта беа задолжени DJ тим Б2С, електро-поп двоец Nipple People од Загребкако и DJ Alexander Nut, еден од најзначајните британски радио водители и диџеи.

Извор: Blic.rs