Lenovo претстави два нови 2-во-1 уреди со оперативен систем Windows 10. Станува збор за конвертибилните таблети Yoga Duet 7i и IdeaPad Duet 3i, 2 во 1 уреди кои имаат посебни Bluetooth тастатури кои поддржуваат LTE мрежа.
Lenovo Yoga Duet 7i е првиот Yoga PC со одвоива и осветлена Bluetooth (5.0) тастатура. Компатибилен е со Intel Wi-Fi 6 (Gig+) и има опционална LTE/4G покриеност. Тука е и гласовната поддршка, како и Windows Hello логирањето.
Уредот пристигнува во опции со до Intel Core i7 процесор од десеттата генерација и Windows 10. Таблетот има 13-инчен IPS 2K дисплеј, со тенки рамки, 400 нита осветлување и поддршка за 100% sRGB спектар на бои.
Yoga Duet 7i поддржува Lenovo E-Color Pen и има батерија со работен век до 8,5 часа. Lenovo Yoga Duet 7i ќе се продава по цена од 1199 евра, а се очекува во продажба од јуни.
Моделот Lenovo IdeaPad Duet 3i има 10.3-inčni Full HD IPS панел, со осветлување од 33 нита. Овој модел, исто така, има поддршка за Bluetooth (5.0) тастатура, која доаѓа во пакувањето.
Уредот го покренува Intel Pentium процесор, има Windows софтвер, Wi-Fi компатибилност и Dolby Audio. Батеријата ќе нуди до седум часа работа.
Lenovo IdeaPad Duet 3i ќе има почетна цена од 429 евра, а ќе биде достапен од месец јули.
Поврзани артикли