Корисниците кои се во потрага по нови решенија за складирање на податоци, можеби ќе бидат заинтересирани за нови My Passport SSD дискови на компанијата Western Digital.

Новите SSD дискови пристигнуваат во широкиот спектар капацитети за складирање, до 2TB. Уредите користат NVMe технологија, која ќе им овозможи брзини на запис на податоци до 1000 MB/s и брзини на читање на податоци до 1050 MB/s. SSD дисковите имаат и 256-битна AES хардверска енкрипција, која фајловите ќе ги штити од напаѓачи.

Присутна е заштита од удари и вибрации, додека USB-C конекцијата ќе овозможи полесно поврзување на поновите компјутери, кои можеби ги отфрлија потрадиционалните USB-A портови.

Western Digital ги објави и цените на новите My Passport SSD уреди, па така моделот од 500GB ќе чини 120 долари, а 1TB модел ќе има цена од 200 долари, додека 2TB верзија ќе се продава по цена од 380 долари.