Американската федерална управа за цивилна авијација забрани внесување модели на преносни компјутери MacBook Pro на Apple во авиони, поради опасност дека батериите би можеле да предизвикаат пожар.

Во јуни „Епл“ соопшти дека ќе повлече од пазарот одреден број лаптопи MacBook Pro со екран од 15 инчи, бидејќи батериите може да предизвикаат пожар по извесно време на користење. Станува збор за уреди што се продавале меѓу септември 2015 и февруари 2017 година.