Околу еден месец по објавувањето на RTX 30 серијата на мобилни графички процесори Ampere, Nvidia објави дека бара од своите ОЕМ партнери да објават TGB на своите RTX 3000 мобилни производи, со оглед на тоа што компаниите добија слобода да ги прилагодуваат сопствените вредности на напојување, наместо да се држат референтните спецификации. Сега Acer објави неколку планови во оваа област.

Acer објави дека ќе овозможи подобри перформанси, преку зголемување на вредноста на Total Graphics Power (TGP) на RTX 3000 серијата чипови во рамките на своите гејминг лаптопи. Ова потенцијално треба да доведе до повисоки работни тактови и подобри перформанси.

Ажурираниот фирмвер ќе биде објавен за подобните модели на лаптопи, а ќе го зголеми TGP во зависност од тоа колку може да поднесе системот за ладење на одреден уред. Овие измени ќе се применат на варијантите на лаптопите на Acer од Predator Helios 300, Triton 300, Triton 300 SE и Nitro 5 линиите .

Корисниците на официјалната страница на Acer за поддршка можат да пронајдат соодветен фирмвер за подобните лаптопи.