Sony со својата најнова компактна камера со име ZV-1 го има за цел растечкиот пазар видео блогери и креатори на видео содржини. Камерата во голема мерка е засновата на реномираната RX100 серија.

ZV-1 камерата користи 20MP сензор, со големина од еден инч и 24-70 мм еквивалент, со F/1.8-2.8 објектив. Камерата е прилагодена на окото на корисникот, за да биде максимално корисна за употреба во селфи мод.

Тоа значи дека електронскиот viewfinder е отфрлен, но тука е новиот дисплеј осетлив на допир. Голем дел од горниот дел на камерата зазема моќниот микрофон. За лесно управување со левата рака тука е доделеното копче за снимање, од каде е можно да се пристапи на опцијата за зумирање.

Новиот „background defocus mode“ го користи најширокиот можен отвор на блендата, а доволно е паметен да го префрли фокусот на производот, за кој влогерот е платен да го промовира кога се држи блиску.

Sony ZV-1 компактната камера има цена од 800 долари, а би можела да ги привлече корисниците кои не сакаат премногу комплексни системи за снимање.