Недостатокот на заштитна опрема кој беше евидентен на почетокот на Ковид-19 пандемијата поттикна многу производители да размислуваат на инвентивен начин. Стартапот Huami, кој го покрена Xiaomi ги продава своите производи во повеќе од 70 држави под брендот Amazfit. Тие развија пластична маска која има вградено ултра-виолетово светло за кое се тврди дека за 10 минути може да ја дезинфицира површината на маската. За тоа му е потребно само екстерно напојување преку USB портот.

Дезинфекцијата се извршува од внатрешната страна, додека надворешната страна е потребно да се дезинфицира рачно. Маската е наречена Aeri и користи изменливи филтри кои се компатабилни со N95 маските. Модуларниот дизајн на маската овозможува поставување на додатоци како што се вентилатори за полесно дишење.

Маската е проѕирна, за да им ја олесни работата на системите за препознавање на лицето. Тоа ќе им помогне на сопствениците на телефони, нивните уреди да ги препознаваат без симнување на маската. Маската моментно се наоѓа во фаза на прототип, а се очекува на пазарот да може да се појави во следните 6 до 12 месеци.