Xiaomi Mi 11 Ultra ќе има мал дисплеј покрај системот на камери на задната страна, а судејќи според се, ова ќе го карактеризира и Mi 11 Pro моделот. Се појави фотографија од деловите на камера системот на Pro верзијата, покажувајќи го нивниот дизајн.

Два сензора ќе бидат поставени во горниот лев агол, подолу се наоѓа перископ сензорот, додека екранот е сместем од десната страна. Малиот дисплеј ќе прикажува одбројување ако се активира тајмерот за камерата. Ќе има и други функции, а останува да се види како ќе функционира за креирање селфи фотографии со камерите на задната страна.

Mi 11 Ultra и Mi 11 Pro се очекува да го користат GN2 сензорот на Samsung. Големиот 1/1.12″ сензор има 50 милиони 1,4 μm пиксели и поддржува 4-in-1 binning за перформанси во слаби услови на осветлување. Перископ леќата ќе овозможи 120x дигитален зум.

Кога е во прашање екранот, Mi 11 Pro и Ultra се очекуваат со 6.81-инчен AMOLED панел, како кај стандардниот Mi 11. Дисплејот има 1440p+ резолуција и 120Hz освежување. Сите три телефони го покренува Snapdragon 888 чипсет.

Се очекува дека Mi 11 Pro ќе има побавна опција за полнење со 66W, што е побрзо од стандардниот модел, но побавно од Mi 11 Ultra, кој би требало да поддржува брзина до 120W.

Покрај Mi 11 Ultra и Pro моделите, се очекува дека Xiaomi ќе го претстави и Mi 11 Lite, кој ќе биде еден од подостапните 5G телефони (гласините сугерираат цена од околу 410 евра).