Adobe го најави престанокот на поддршката за Flash подоцна во текот на годината, а интернет прегледниците веќе неколку години вршат подготовки за овие промени.

Mozilla неодамна објави дека во целост ќе ја отфрли поддршката за Flash од Firefox 84 верзијата, која е планирана за објава во текот на декември. Оваа верзија на браузерот повеќе нема да може да покренува Flash содржини.

Моментно, Mozilla Firefox пристигнува со оневозможена поддршка за Flash, но корисниците и натаму можат рачно да ја овозможат поддршката. Mozillа наскоро постепено ќе ја гаси оваа поддршка во Firefox, а следниот битен чекор е октомвриското ажурирање, кое Flash плагинот ќе го отстрани од Firefox Nightly build.

Mozilla не е единствената компанија која ја отстранува поддршката за Flash. Тоа го прават и прегледниците засновани на Chromium (Chrome, Edge), кои во следните месеци во целост ќе го отстранат Flash од своите сервиси.