ASUS ги претстави новите уреди од својата ZenBook серија ултрабук компјутери. Се работи за моделите ZenBook 13 и 14, кои во целост се фокусираат на тенок профил, мобилност и долготрајна батерија. Овие компјутери имаат бројни интересни одлики, а меѓу нив се шампионското траење на батеријата и нестварно тенкиот профил, кој е истанчен за дополнителни три милиметри, така што дебелината на новите компјутери е од 13,9 до 14,3 милиметри.

Освен тоа, новите компјутери ги одликува присуството на десеттата генерација на Intel Core процесори Ice Lake, кој донесува уште подобри перформанси, баш како и AMD Ryzen 4000 серијата од U семејството. Новите чипови донесуваат уште повисоко ниво перформанси, но поради супер-тенкиот профил нема да постојат компјутери со дискретна графика. Достапни се конфигурации до 32GB DDR4 меморија (Intel) и 16GB DDR4 меморија (AMD), а складирањето се базира на брзи NVMe решенија, со вкупен капацитет до 2TB.

Од останатите работи се издвојуваат големите батерии, кои не само што овозможуваат одлична автономија, туку и нови видови употреба. Конкретно, исфрлени со специјалните приклучоци, туку батеријата се полни преку USB-C портот, што значи дека може да се полни со стандардните полначи за телефон, па оние кои често патуваат не мораат да носат повеќе адаптери со себе. Доколку се полнат преку својот адаптер, можно е за 50 минути да се дополни 60 проценти од батеријата, што дава дополнителни 13 часа работа! Инаку, се ветува автономија од дури 20 часа, што е речиси неверојатно за модерните уреди.

Еден од компромисите на кој ASUS беше принуден е изоставувањето на 3,5-милиметарскиот приклучок. За оние на кои им е неопходен, во пакувањето ќе се испорачува USB-C-to-3,5mm конвертор, но (не без основа) се претпоставува дека поголем дел од корисниците на ваков компјутер ќе се определи за некои Bluetooth слушалки со микрофон.

ASUS ги унапреди и влените уреди. Присутна е тн. edge-to-edge тастатура, која го карактеризира позадинското осветлување на белата боја во три нивоа. Исто така, ќе биде можно да се купи лаптоп со Numberpad (ќе постои и верзија со обичен тачпад, кој ќе биде нешто подостапен), каде кликот на копчето интегрирано во површината на тачпедот, тој ќе може да се претвори во нумерички дел од тастатурата. Тежината на новите лаптопи почнува од 1.07 кг.