Сајтот Komando наведе неколку совети кои можат да ви помогнат да се заштитите на Facebook.

Сајбер криминалот е во пораст, па затоа е важно да бидете свесни за видовите онлајн измами за да не станете жртва и да не го изгубите профилот на социјалните мрежи или парите.

Командо неодамна предупреди на нов вид на измама преку Фејсбук. Како изгледа измамата?

Измамниците испраќаат е-пошта во која се наведува дека сте ги прекршиле правилата на Facebook и дека вашата сметка сега е блокирана.

Пораката продолжува да наведува дека ако мислите дека станува збор за грешка, треба да кликнете на врската во е-маилот за да поднесете жалба. Дополнително, се наведува дека имате 24 часа за жалба, или вашата сметка на Facebook ќе биде трајно избришана.

Меѓутоа, кога ќе кликнете на врската во поштата, ќе ве однесе до лажна веб-страна слична на Facebook која ви нуди опција да се жалите за прекршување на политиката.

Таму од жртвата се бара да внесе е-пошта за регистрација, телефонски број, име и други лични податоци. Кога ќе кликнете на опцијата „Поднеси жалба“, ќе биде побарано да ја потврдите вашата лозинка. На овој начин, криминалците ги добиваат сите информации што им се потребни за да пристапат до вашата сметка на Facebook.

Како да се заштитите?

Бидете многу внимателни со вакви и слични мејлови за да не паднете на измама. Komando наведе и неколку совети кои можат да ви помогнат да се заштитите.

Измамниците сметаат на вашиот страв – сакаат да ве убедат дека ако не дејствувате веднаш, засекогаш ќе го изгубите вашиот Фејсбук. Најдобар начин да не бидете измамени е да размислите пред да дејствувате и да ја прегледате пораката. Најверојатно ќе видите правописни и граматички грешки.

Не паничете. Секогаш внимателно читајте ги сомнителните е-маилови, барајќи знаци на измама, пред да преземете каква било акција. Не заборавајте дека измамниците сакаат да ги таргетираат сметките на социјалните мрежи, така што лажните предупредувања не се невообичаени.

Проверете ги деталите од е-поштата. Сами најавете се на вашата сметка на Facebook за да потврдите дека има проблем и дали има некое официјално известување на вашата сметка.

Никогаш не внесувајте ги вашите информации за најавување на веб-страниците на надворешни страници или на страница што не е официјална страница на Facebook. Никогаш не испраќајте ги вашите информации за најавување на некого преку е-пошта или Facebook Messenger. Ако сте ги внеле вашите информации за најавување на лажна страница, веднаш сменете ја лозинката.