Redmi 9 се појави на глобалната RF страница за сертификација на Xiaomi, која го потврдува постоењето на телефонот и неговиот број на модел M2004J19G. Оваа ознака е забележана и во групата уреди кои неодамна добија 3C сертификат.

Сертификацијата не открива многу за уредот. Сличен модел (M2004J19C) претходно е излистан со 10W полнач, иако ова би бил чекор наназад кај јачината на полнење – Redmi 8 и 8A моделите поддржуваат 18W полнење.

Redmi 9 линијата ќе бидат 4G телефони. Претходните протечени фотографии прикажуваа четири камери на задната страна, кои наводно имаат 13MP главен, 8MP ултраширок, 5MP макро и 2MP сензор на длабочина.

Се очекува дека Redmi 9 ќе има 6.6-инчен екран, како и Helio G70 чипсет, што би претставувало големо подобрување во однос на Snapdragon 439, кој го користеше Redmi 8.