Откако претходно во текот на јуни беше претставен One Fusion+ телефонот, Motorola сега го објави стандардниот One Fusion модел. Во споредба со Plus моделот, Motorola One Fusion стигнува со неколку послаби карактеристики, но по атрактивна цена.

Motorola One Fusion ја задржува големината на екранот од 6,5-инчи, но со пониска резолуција (720p наспроти FullHD+ на Plus моделот). Во врвот на дисплејот се наоѓа засек за 8MP селфи камера. На задната страна, уредот има систем со четири камери, кои го сочинуваат 48MP главна, 8MP ултраширока, 5MP макро и 2MP сензор за длабочина.

Телефонот го покренува Snapdragon 710 чипсет, додека за софтверска поддршка е задолжен Android 10. Достапни се 4GB и 64GB простор за складирање, а тука е и слотот за microSD картички за дополнително проширување.

Останатите карактеристики на Motorola One Fusion вклучуваат: сензор за отпечатоци од прсти на задната страна, Google Assistant копче, USB-C порт и 3.5mm приклучок. Телефонот го напојува 5000mAh батерија, а не е позната брзината на полнење.

Motorola One Fusion пристигнува во Emerald Green и Deep Sapphire Blue бои, по цена од околу 250 долари.