Компанијата Xiaomi во март го претстави својот прв преклопен смартфон, а сега веќе одамна работи на вториот.

Изворите тврдат дека новиот уред ќе го задржи  Snapdragon 888 процесорот на Qualcomm, 5.000 mAh батерија и камера од 108 MP, но дека шарката ќе биде унапредена.

Целата внатрешна структура на следниот Mi Mix Fold модел е веќе тестирана, а смартфонот ќе има два екрана. Големиот внатрешен со фреквенција на освежување од 120Hz го произведе Samsung, додека помалиот надворешен со брзина на освежување од 90Hz е производ на компанијата Visionox.

Има уште многу непознаници за идниот модел, како камерите, меморијата и верзијата на интерфејс, а не е познато ни дали воопшто ќе биде достапен надвор од кинескиот пазар.

Флексибилниот смартфон се очекува на пазарот кон крајот на оваа година.