Компанијата Oppo го претстави својот нов флегшип смартфон со назив Find X2 Pro.
Find X2 Pro може да се купи со црно керамичко куќиште, а тука е и верзијата со портокалова веганска кожа, пишува The Verge.
Уредот го доби 6,7-инчниот OLED екран со резолуција 3.168х1.440 пиксели, HDR10+ поддршка и фреквенција на освежување од 120 Hz.
Find X2 Pro има главна камера од 48 MP. Позади се наоѓа перископ телефото кaмера од 13 MP. Достапно е 5х, 10х хибридно и 60х дигитално зумирање. Освен тоа, тука е и сензорот IMX586 кој ја претставува ултрашироката камера од 48 MP со видно поле од 120 степени. Селфи камерата има 32 MP.
Уредот доби Qualcomm Snapdragon 865 процесор, 12 GB RAM, 512 GB интерна меморија, стерео звучници и 5G мрежа. Користи ColorOS 7.1 базиран на Android 10 и батерија од 4.260 мAh. За целосно полнење на батеријата потребни се само 38 минути.
Oppo Find X2 Pro ќе биде еден од најмоќните смартфони, а во Европа стандардниот модел ќе чини 999 евра, односно 1.199 евра во случајот на Pro моделот.
Извор: Klix.ba