Samsung во јануари ги претстави Galaxy S10 Lite и Note10 Lite, а смартфоните имплементираат премиум функции по подостапна цена. S10 Lite искомбинира премиум спецификации, но со помал компромис кога е во прашање хардверот за камерите. Една функција, која на телефонот му недостасуваше на самата објава беше поддршката за 4K 60fps видео снимање.

Сега телефонот добива ажурирање кое овозможува токму 4K видеото да се снима во 60fps. Целосното ажурирање е со големина од околу 420MB и се фокусира на подобрувања на камерите, подобрени перформанси при препознавање на отпечетоци од прсти, стандардно подобрување на стабилноста, како и февруарската безбедносна закрпа.

Уште еден интересен додаток е и функцијата Super Steady стабилизација за видео во 4K резолуција. Но, тимот од XDA Developers сајтот не успеа функцијата да ја покрене во 4K, така што можно е да е наменета да пристигне на уредот во некој нареден период.