Постојаното ажурирање на вашиот Facebook-профил изгледа како најлесен начин за вашите пријатели и семејството да ги дознаат вашите активности, но дали споделуваме премногу?

Нова алатка открива точно колку информации прикажуваме за себе. Се работи за алатка која им помага на луѓето да разберат колку многу информации Facebook може да сподели за нив, кога избираат да се приклучат на одредени веб-страници и онлајн-продавници, користејќи го токму Facebook. Доколку кликнете на овој линк и изберете опција да се приклучите преку Facebook, може да се види кои брендови и компании, па и потенцијални измамници, можат да откријат податоци со само неколку кликнувања.

Ако сте притиснале „логирање преку Facebook, со тоа вие му дозволувате на Facebook да споделува чувствителни податоци со веб-страницата што ја посетувате. Тука се вбројува, на пример, вашата мејл адреса, адресата, работното место, детали за вашата врска, места каде што сте биле и кои се вашите пријатели.

Најдобриот начин да се остане заштитен на интернет е да се споделува само она што вие би биле задоволни да го видат другите.

Кои информации Facebook може да ги споделува за вас?

–    Вашиот јавен профил (име, возраст, пол, локација, фотографија, временска зона)
–    Сите нешта на кои сте ставиле лајк
–    Вашите пријатели
–    Вашата е-пошта
–    Вашите фотографи
–    Вашиот оддел „за мене“
–    Сите ваши објави
–    Вашиот роденден
–    Детали за врската
–    Вашето образование
–    Религиски и политички гледишта
–    Настани на кои сте биле
–    Работни места
–    Од каде потекнувате
–    Вашиот телефонски број