Twitter изгледа експериментира со нова функција, која на корисниците ќе им овозможи да продолжат со додавање содржина во последниот твит кои го објавиле. Тестирањето е забележано од страна на дојавувач, кој објавил и скриншоти.

Функцијата која се тестира ќе олесни содржината на твитот да се продолжи директно од полето за внесување содржина. Потребно е да се напомене дека се тестира само можноста за продолжување на последниот твит, а нема информации дали ќе се промени и на постарите твитови.

За оние профили на кои е овозможена функцијата, последниот актуелен твит можно е да се надогради со притискање на копчето compose и упатување на What’s happening“. Потоа ќе се појави опцијата Continue thread под последниот твит.

Во моментов е непознато колку ова тестирање е распространето и дали Twitter планира опцијата да ја направи достапна за сите.

Извор: Benchmark.rs