Facebook објави во вторникот дека во моментот социјалната мрежа има над 2,27 милијарди активни корисници.

Компанијата исто така објави и дека во третиот квартал од годината имала приход од 13,7 милијарди долари, малку под предвидувањата на аналитичарите, но доволно за да се избегне повторен пад на цената на нејзините акции.

Основачот на компанијата, Марк Цукерберг, изјави дека услугите што ги нуди Facebook секојдневно ги користат над 2 милијарди луѓе, како и дека во последниот квартал профитот на компанијата изнесува 5,1 милијарди долари.

Во јули акциите на Facebook паднаа драстично кога компанијата предупреди дека во годините што доаѓаат ќе има сè помал профит.