Благодарение на пропустот на Google, имаме прилика да видиме како претстојниот Google Pixel 4a телефон изгледа. Официјалниот рендер на уредот се појави на страницата на Google во Канада, над местото каде требаше да биде прикажан Nest WiFi.

Pixel 4a има една селфи камера, сместена во punch-hole отвор во екранот, а тука се и една камера на задната страна со блиц, капацитативен сензор за отпечаток од прст и приклучок за слушалки. Датумот на екранот на телефонот го покажува 12. мај, штѕо сугерира дека Pixel 4a требало да биде претставен во текот на Google I/O конференцијата, но тоа е одложено.

Google Pixel 4a во текот на претходните неколку недели доби бројни сертификати, што укажува на тоа дека објавата на телефонот е многу блиску. Сепак, некои гласини сугерираат дека смартфонот ќе биде претставен дури во октомври.