Samsung работи на 5G верзија на својот Galaxy Tab S6, кој би можел да стане прв светски таблет кој има 5G поддршка. Таблет уредот кој ја носи ознаката SM-T866N е забележан на Wi-Fi и Bluetooth сертификација.

Јужна Кореја веројатно ќе биде првата земја каде што ќе дебитира таблетот, бидејќи е една од малобројните држави во кои постои активна 5G мрежа. Galaxy S10 5G многу добро се продава во Кореја, а Galaxy Note10 телефоните исто така се достапни само во 5G варијанти.

Samsung Galaxy Tab S6 и претходно можеше да се пофали со технологија која прво беше достапна на тој уред – ова беше прв таблет со HDR10+ екран.