Samsung Galaxy A51 и A71 телефоните се претставени и оригинално објавени во Виетнам. Сега јужнокорејската компанија ја најави достапноста, како и цените на двата телефона во Европа, почнувајќи од Холандија.

Galaxy A51 кај холандските малопродавачи ќе биде достапен до крајот на месецот. Телефонот ќе чини 370 евра и ќе се продава во Crush Black, сина и бела боја. Франција исто така ќе го добие смартфонот до крајот на јануари.

sam2_340.jpg

Galaxy A71 ќе чини 470 евра и ќе биде достапен во Crush Black, сина и сребрена варијанта. Продажбата на телефонот почнува од февруари во поголем дел од европските држави.

Двата телефона би трбало да чинат слично и во другите земји, иако се очекуваат помали разлики во цената од регион до регион.