Откако голем број аналитички компании објавија значаен пад на испораките на телефони во текот на првото тримесечје на оваа година, а кој беше предизвикан од актуелната пандемија, постои пазар за кој се предвидува значаен раст во следниот период. Во прашање е глобалниот пазар на таблет уреди.

Се предвидува дека глобалната испорака на таблет уреди ќе забележи пораст од 45 проценти во текот на второто тримесечје. Потребно е да се истакне дека во текот на првиот квартал годинава, таблет пазарот забележа пад на испораките од 33,6 проценти, па споменатиот раст од 45 одсто може да се посматра како оправување на пазарот од губитоците кои настанаа во првите месеци на 2020. година.

 

Се очекува дека Apple ќе продолжи да биде компанијата со најголема испорака на таблет уреди, а зад американската компанија следуваат Samsung и Huawei. Lenovo исто беше доста успешен и ќе го заземе четвртото место, престигнувајќи го Microsoft, а ова најмногу е остварено со фокусот на едукативниот пазар на таблети во периодот кога многу луѓе учат од дома.