Огромните пожари и чадот над Австралија се забележуваат и од сателитите во вселената кои се оддалечени илјадници километри од Земјата. Причина за пожарите се високите температури, а се шират дополнително заради силните ветрови. Според научниците и експертите високите температури се последица од климатските промени предизвикани од лошото однесување на луѓето, и непочитувањето на природата.

Според последните проценки огнот во Австралија уништил повеќе од 14 хектари природа, усмртил околу половина милијареди животни и раселил стотици илјади луѓе. Во пожарите досега загинале најмалку 18 лица.

На фотографиите направени од вселената може да се види дека чадот се простира од Европа до Нов Зеланд.

Фотографиите ги направил сателитот на јапонската метеоролошка агенција „Хумавари-8“ кој се движи околу иста точка над Земјата на височина од скоро 36.000 километри.