Чипсетот на Samsung што ќе ја покренува претстојната Galaxy S21 серија телефони е Exynos 2100, а сега дознавме дека ќе биде претставен на 12. јануари. Оваа објава ќе се случи два дена пред претставувањето на Galaxy S21 серијата.

Samsung за својот најнов чипсет креиран под покровителство на јужнокорејскиот производите го користи хаштагот „Exynos is back“.

Засновано на најновите гласини, Exynos 2100 ќе биде креиран во 5nm процес на Samsung, со ARM X1 главно јадро кое има работен такт од 2.91GHz. Тука се и три Cortex-A78 јадра со такт од 2.81GHz и четири ефикасни Cortex-A55 јадра, кои работат на 2.2GHz.

Се очекува дека Exynos 2100 чипсетот ќе ја покренува Galaxy S21 серијата телефони во Европа и на другите глобални пазари. Регионите како што се САД, Кина и Јужна Кореја ќе добијат верзии на телефонот со Qualcomm Snapdragon 888 чипсет.