Нуркачи неодамна откриле потонат брод кој датира од првиот век пред новата ера близу хрватскиот острав Паг, а во него пронашле амфори исполнети со вино.

Ова не е прв пат да се открие брод од овој временски период во оваа област (голем број биле откриени во 2004) а пронајдените амфори се од типот наречен Ламбоља 2 – стил познат низ јадранското море, кој според направените хемиски анализи се користел исклучиво за транспорт на вино.

Во меѓувреме, во јонската област фармер од Крит открил гробно место додека го возел својот трактор низ својата маслинова градина.

Задното тркало од тракторот западнало во дупка и откако бил отстранет од дупката наѕирал отвор кон гробница.

Археолозите одредиле дека најмалце 2 мажи кои не потекнуваат од аристократијата биле закопани во тројната комора, која датира од Бронзеното време или поточно од Доцниот Миноан IIIA-B период околку 1400 до 1200 п.н.е.