Кинеската технолошка компанија Xiaomi, еден од најголемите произведувачи на паметни телефони, влегува и во авто-индустријата.

Xiaomi во соработка со кинескиот произведувач Besturn ќе го направи својот прв автомобил кој ќе се продава под брендот Redmi.

Првиот автомобил на Xiaomi ќе биде SUV, унапредена верзија на компактниот модел на Besturn – T77, кој го покренува 1,2-литарски турбо бензинец со 143 KS и 204 Nm.

Автомобилот на Xiaomi најверојатно ќе се разликува само по софтверот, а ќе располага и со Xiao AI вештачка интелигенција која како гласовен асистент ќе овозможи контрола на прозорите, климата и останатите функции.

Веќе е позната и почетната цена – околу 11.800 евра.

Извор: B92.net