Facebook отстрани повеќе страници, групи и налози од своите платформи во Обединетите Арапски Емирати, Египет, Нигерија и Индонезија поради, како што е наведено, координирано неавтентично однесување.
Од Facebook соопштија дека на отстранетите налози се ширеле содржини на теми како што се активности на Обединетите Арапски Емирати во Јемен, иранскиот нуклеарен договор и критиките на Катар, Турција и Иран, пренесува „Ројтерс“.
Компанијата неодамна започна да ги затвора ваквите налози, откако беше критикувана во последните неколку години затоа што не развила алатки за борба против екстремистичките содржини и пропагандни активности, што и самата го признала.
Оваа година Facebook ги отстрани налозите во Ирак, Украина, Кина, Русија, Саудиска Арабија, Иран, Тајланд, Хондурас и Израел.
Поврзани артикли