Се повеќе и повеќе луѓе користат паметни телефони за да бараат содржини на интернет, а тоа за никого не е тајна. Google почна да го развива својот прв мобилен индекс за да го олесни овој процес пред повеќе од една година. По серијата долги тестови, компанијата сега е подготвена со финалната верзија на алгоритмот, кој веќе се дистрибуира до потрошувачите. Интеграцијата на оваа функција значи дека пребарувачот сега ќе им даде приоритет на мобилните верзии на интернет-страниците.

Новиот алгоритам ќе ги користи оптимизираните верзии за смртфони, за да ги индексира и рангира во резултатите од пребарувањето. Сите овие промени значат дека сопствениците н уреди ќе ја видат содржината побрзо и порелевантно за паметни телефони кога бараат информации на Google.

Компанијата не планира да го спои мобилниот индекс со оној, што го користи за пребарувања на десктоп компјутери, туку ќе ги одржува разделени двете бази на податоци.

Следниот пат кога ќе внесете барање за пребарување, ќе ги видите на погорни позиции во резултатите мобилните верзии на веб-страниците, кои ги содржат информациите, што сакате да ги најдете. Google веќе нудинеколку карактеристики кои даваат приоритет на веб сајтовите оптимизирани за смартфони, но првиот мобилен индекс е најсериозниот нивен чекор во овој правец досега.

Ова решение ќе го подобри квалитетот на содржината во пребарувачот и ќе принуди повеќе сопственици на сајтови да ги оптимизираат за паметни телефони.