Во текот на денешниот ден на TENAA листингот се појави мистериозен уред на Huawei, со број на модел ART-TL00x. Сега дојавувачот Evan Blass (@evleaks) објави фотографија од уредот и “потврди” дека во прашање е Huawei Enjoy 10. Телефонот ќе биде поевтина варијанта на Enjoy 10 Plus моделот, кој е објавен минатиот месец.

Новиот рендер ни овозможува појасен увид во изгледот на екранот, со punch-hole камера во левиот горен агол. Не постои физички сензот за отпечатоци од прсти на задната страна, што сугерира дека е изоставен од телефонот, бидејќи не се очекува ниту in-display читач. Huawei Enjoy 10 сепак е буџетски телефон.

Според наводите од TENAA листингот, екранот на телефонот ќе има дијагонала од 6,39 инчи и 720p резолуција. Системот на камери ќе го сочинуваат 48MP главен и 8MP секундарен сензор. Селфи камерата исто така ќе има резолуција од 8 мегапиксели. Се очекува и Kirin 710F чипсет и 3900mAh батерија.