Компанијата Twitter лани укинала 371.000 профили поради тоа што нејзините корисници промовирале тероризам.

АНСА пренесе дека тоа се гледа од податоците наведени во шестмесечниот извештај за транспарентноста на оваа компанија, во која стои дека во втората половина на минатата година, поради тероризам, укинати се 166.000 профили, што е 19 проценти помалку во однос на првите шест месеци во 2018 година кога биле укинати 205.000 профили.

Twitter соопшти дека 91 отсто од профилите биле забележани со помошни на технолошки уреди наменети за таа цел.