Илон Маск е познат по своето долгорочно размислување, а неговите предвидувања од интервјуто што го дал во 1998 година се покажаа изненадувачки точни.

Во споменатото интервју, кое повторно е популарно на социјалните мрежи, Маск зборуваше за интернетот и, што за тоа време беше храбро, рече дека тоа е „суперсет на сите медиуми“ и дека тоа е „почетокот и крајот на сите медиуми“.

На прашањето за иднината на интернетот, Маск зборуваше за свет во кој сите медиуми (ТВ, печатени и радио) се спојуваат со интернет, создавајќи „централен чвор“.

Тој го нарече интернетот „првиот двонасочен комуникациски медиум кој е интелигентен“, дозволувајќи им на луѓето да изберат што да гледаат и кога, што според него ќе ги „револуционизира сите традиционални медиуми“.

Тој исто така додаде дека интернетот ќе го промени „нашиот начин на живот“, што секако се случи.