Huawei нема деловно присуство во Демократската Народна Република Кореја, реагираа од компанијата по објавата на „Вашингтон пост“ дека кинеската технолошка компанија во тајност ѝ помогнала на Северна Кореја да изгради и одржува комерцијална мрежа на безжичен интернет.

Од Huawei во демантот додаваат дека тие се целосно посветени на усогласување со сите важечки закони и регулативи во земјите и регионите каде што работи, почитувајќи ги сите закони и регулативи за контрола на извозот и санкциите на ОН, САД и ЕУ.