AOC го претстави својот нов U2790PQU монитор, кој е специфично дизајниран за професионални корисници. Овој 27-инчен дисплеј има 10-битен IPS панел, со резолуција од 3840 x 2160 пиксели (4K), каква што преферираат креаторите на содржини и професионалци, на кои им е потребно повеќе простор за работа.

AOC U2790PQU има и складна завршница со металик сива боја, со рамки тенки три милиметри и ергономски сталак (подесување на висината до 130 мм, како и навалување).

Кога е во прашање конекцијата, U2790PQU има еден HDMI 2.0 порт, еден HDMI 1.4 порт и DisplayPort 1.2. Тука е и вградениот USB 3.0 хаб со два порта. За звукот се задолжени два 2W звучника, кои се вградени во мониторот.

AOC U2790PQU од јули ќе биде достапен по цена од 299 фунти.