Компанијата Airbus веќе една година работи на развој на електрични автономни VTOL (vertical take-off and landing) летала способни за летање од покрив на покрив во големите градови кои секојдневно се соочуваат со големи гужви во сообраќајот.

Благодарение на напредокот на технологијата и вештачката интелигенција, ескпертите наведуваат дека станува збор за врвна технологија која ќе направи револуција во урбаното воздухопловство.

Проценката е дека наскоро овие летала би се користеле како такси возила.