Секој кој го користи оперативниот систем Android, знае колку е опасно да се инсталираат апликации кои не доаѓаат од официјалната Google Play продавница.

Новиот малициозен софтвер кој ги напаѓа Android апликациите е наречен BlackRock, а според извештаите на компанијата за сајбер безбедност Threat Fabric, први се на удар банкарските податоци на корисниците.

Повеќе од 300 апликации се подложни на BlackRock малициозиот софтвер, а меѓу нив има дури и некои од најпопуларните – Gmail, Facebook и Tinder. Покрај оние стандардни информации за вашите контакти и сметки, ги напаѓа и податоците за пристап до е-банкарство, како и броевите на кредитните картички.

Кога преземате апликација заразена со BlackRock софтвер, ќе ве праша за дозвола за пристап до разни делови од вашиот уред, а доколку тоа го одобрите, ќе може да прима и испраќа пораки наместо вас, да стартува апликации, па дури и да го заклучи и отклучи телефонот.

Овој малициозен софтвер, барем засега, сепак не е пронајден во Google Play официјалната продавница, туку на местата каде што се преземаат „апликации од трети лица“. Најдобриот совет во вакви случаи е внимателно да ги прочитате прегледите при преземање некоја апликација и да внимавате какви овластувања сте дале.

Извор: B92.net