Компанијата Samsung веќе работи на нов флексибилен смартфон, која за разлика од Galaxy Fold ќе има таканаречен clamshell, односно механизам со шарка.

Се очекува дека идниот паметен теелфон ќе има димензии како флегшип уредот и ќе поседува 6,7-инчен екран кога ќе се отвори. Galaxy Fold добива 7,3-инчен екран кога ќе се отвори.

Од надворешниот дел, претстојниот смартфон ќе има 1-инчен екран, за кој не се знае дали ќе биде осетлив на допир, но познато е дека ќе има некои ограничени функции. Тоа би можел да биде always-on екран, кој го имаат останатите смартфони на Samsung.

Компонентите за овој смартфон би можеле да влезат во производство во ноември, а уредот би се појавил на пазарот во првата половина на 2020. година, односно во април.

Samsung работи на нов флексибилен телефон и покрај проблемите кои ги има Galaxy Fold, а и другите производители покажаа интерес за овој тип на уреди.