Веќе имаме и официјална потврда дека на настанот на Xiaomi на 31. мај во Шенжен ќе ја видиме премиерата на смартфонот Mi 8.
Јубилејниот смартфон сигурно нема да биде единствениот нов уред од кинеската компанија, а според гласините, ќе ги видиме уште Mi 7 (освен ако не бил заменет целосно од Mi 8) и фитнес бразлетната Mi Band 3.
Sе разбира, Ми 8 го привлекува вниманието поради својот посебен статус.
Очекуваме смартфонот да понуди чипсет Снапдрагон 845, 6-инчен OLED дисплеј со исечен горен дел, 3Д препознавање на лицето, камера со 2х оптичко зумирање и можеби сензор за отпечатоци вграден под екранот.
Во меѓувреме од Кина се појави фотографија која можеби ја открива цената на телефонот во земјата. Во неа се опишани варијанти со 6 GB / 64 GB и 8 GB / 128 GB меморија по цена од 2,799, односно 3.199 јуани (373/426 евра).