Ако луѓето инвестираa во акции на Apple, наместо во нивниот прв Macintosh компјутер претставен во 1984 година, вредноста на акциите би пораснала 287 пати до денес, според податоците на онлајн калкулаторот наречен InvestInstead.

Со други зборови, ако не платевте за Macintosh 2,495 долари во 1984 година, туку тие пари да ги вложевте во акциите на компанијата, тие би вределе 715,943 долари.

Податоците покажуваат и дека вложените 499 долари во акции, наместо во iPhone во 2007 година, денес ќе вредеа речиси 3.700 долари. Секој кој купил iPad за 499 долари во 2010 година, денес во акции би имал 1.882 долари.

Сепак, калкулаторот нуди и некои не така исплатливи купувања.

Во 2006 година, да не го купивте BlackBerry Peal 8100 за 199 долари, веќе тие пари вложени во акциите на оваа компанија, денес би чинеле 53 долари.

Слична загуба ќе забележевте и ако парите за купување на Nokia 3310 ги вложевте во акциите на оваа компанија, бидејќи тие денес ќе вредеа 36 долари.