Дизајн и екран кои воодушевуваат, подобрена камера и високи перформанси по ултра достапни цени!

Компанијата Samsung ги најави најновите членови на Galaxy J серијата – Samsung Galaxy J6+ и Galaxy J4+. Во Македонија, потрошувачите ќе може да го одберат својот Galaxy J4+ модел од почетокот на октомври во една од трите модерни бои – црна, златна и розева, по препорачана продажна цена од 9.699 денари.

“Понесени од наследството и иновациите на премиум Галакси уредите, ги креиравме новите Галакси Ј6+ и Ј4+ кои овозможуваат неверојатен стил и технологија со високо-конкурентни цени. Одликувајќи се со неверојатен дизајн и екран, подобрена камера и можности за високи перформанси, двата уреда им овозможуваат на корисниците максимално користење на нивните Galaxy J паметни телефони.“ – изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор за Адриатик Регионот во компанијата Samsung.

Дизајн и екран кои оставаат без зборови 

Galaxy J6+ и J4+ се карактеризираат со задна страна која наликува на стакло и додава целосно нова димензија на дизајнот на Galaxy J серијата. Со своите ергономски заоблувања кои допринесуваат за неверојатен изглед и доживување, како и елегантниот профил, Galaxy J6+ и J4+ гарантираат удобност при користењето и ракувањето со нив. Тесните рамки, поголемиот екран и подобрениот HD+ “бесконечен“ екран од 6 инчи, карактеристичен за премиум Галакси паметните телефони, овозможуваат извонредно искуство при играњето игри и следењето мултимедијални содржини како и преглед на две апликации истовремено преку функцијата “Поделен Екран“.

Galaxy J6+ и J4+ исто така имаат и функција за отклучување преку препознавање на лицето, додека Galaxy J6+ дополнително поседува и скенер за отпечатоци поставен странично на уредот, додавајќи дополнително ниво на безбедност и практичност без нарушување на дизајнот на телефонот.

Подобрена камера за уште подобро корисничко искуство

Двата нови Galaxy J модели пристигнуваат со дополнителни подобрувања во однос на камерата. Со двојна камера од 13MP и 5MP, Galaxy J6+ овозможува креирање на фотографии со природен “бокех“ ефект, а со функцијата “Live Focus“, длабочината на полето може да се прилагоди пред и по фотографирањето овозможувајќи перфектно зачувување на миговите.

Двата уреди вклучуваат голем F1.9 објектив со бленда (13MP) која пропушта повеќе светлина, правејќи ги Galaxy J6+ и Ј4+ совршена алатка за креирање на јасни и светли фотографии дури и во услови на ниска осветленост. Дополнително, креирањето одлични фотографии само со една рака е уште полесно со помош на копчето за фотографирање кое лебди.

Врвен перформанс 

Покрај својот премиум дизајн, Galaxy J6+ и J4+ нудат извонредни перформанси и аудио квалитет, батерија и меморија.

Двата уреди имаат интегрирана “Dolby Atmos“ технологија за репродукција на звукот која овозможува врвно искуство при гледањето содржини, а со батериите од 3.300mAh, 10% појаки батерии во споредба со оние на претходните Galaxy J модели, Galaxy J6+ и J4+ се дизајнирани да одговараат на животното темпо на корисниците. Уредите исто така имаат и режим за заштеда на батерија кој го продолжува животот на батеријата кога е најпотребна. Покрај тоа, моќниот четири-јадрен процесор од 1,4GHz допринесува за извршување понапредни задачи преку уредите, како гледање видеа со висока резолуција, без преголемо трошење на батеријата.

Galaxy J6+ има 3GB RAM меморија и е достапен со меморија – од 32GB, додека Galaxy J4+ има 2GB RAM и е достапен со меморија од 16GB. Двата уреда исто така имаат капацитет за меморија до 512GB со микроСД картичка (microSD™), овозможувајќи им на корисниците вистински перформанси и флексибилност.

Galaxy J4+ во Македонија ќе биде достапен во сите три бои во продажните салони на Македонски Телеком, Нептун и Сетек, додека во продажните салони на ВИП, сите заинтересирани ќе можат да одберат Galaxy J4+ модел во црна или златна боја.