Пред 20 години во САД се донесе законот наречен Digital Millennium Copyright Act со кој се криминализираше производство на било каква технологија со која би се прекршила заштитата на авторските права, односно технологијата наречена DRM (Digital Rights Management). Иако повеќето од луѓето ова го подразбираат како заштита од пиратерија, овој закон сериозно го загрози работењето на секторот на поправка на техничките уреди, посебно со тек на времето кога и се поголем број од производителите имплементираа некој тип на DRM, а тоа ја попречуваше поправката. На пример, последните Mac компјутери имаат вграден чип кој оневозможува сервизирање без соодветен софтвер од Apple.

2018 MacBook Pro

Сега се направени измени на некои делови од овој закон, па доколку е потребно да се сервизираат телефони, паметни звучници, домашни уреди, системи за паметен дом, како и моторизирани возила за употреба на земја (на пример трактори), законски нема да постои пречка за заобиколување на DRM заштитата. За разлика од овие исклучоци, иако беше барано да се изземат и играчките конзоли, возила кои не сообраќајат по земја (авиони и бродови), како и телевизорите, односно ТВ каналите, ваквите постапки остануваат нелегални. Новите измени ќе стапат на сила утре, 28-ми октомври.