Познатата швајцарска компанија „Франк Милер Куве“ го претстави новиот модел часовници во ограничен тираж, наречен „Енкрипто“, со знакот на биткоинот на себе.
Часовникот е дизајниран во соработка со компанијата што се занимава со трговија со криптовалути „Регал асетс“. Тој е достапен е во неколку различни машки и женски верзии.
Бројчаникот го содржи логото на биткоинот во средишниот дел, како и Ку-ер код.
“Како бренд, ние поставуваме трендови, што и сме го докажале повеќепати досега, а не би биле ни премногу скромни кога се говори за новитети на пазарот. Биткоинот е „милениумското злато“, што е совршен спој меѓу иновацијата и личниот избор”, нагласи регионалниот директор на „Френк Милер“ брендот, Ерол Балијан,
„Енкрипто“ часовникот може да се купи и на интернет, а цената се движи од 9.800 долари за фабричката верзија, до 50.600 долари за модел украсен со дијаманти.